Премиерот Димитар Ковачевски ги посети новинарите во прес-центарот кои на највисоко ниво ја следат денешната рунда дијалог меѓу Белград и Приштина.
Инаку, повеќе од 200 новинарски екипи од Македонија, Србија, Косово, од регионот и од Европа веќе 12 часа чекаат некаква официјална информација од преговорите меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, под покровителство на ЕУ што се одвиваат во вилата „Билјана“ во Охрид.