Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со веста дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин за воени злосторства во Украина, изјави дека „многу работи се комплицирани“.
„Светот си оди, само ние да не одиме со него. Сега гледам дека многу работи се комплицираат, треба да избегнеме многу од тоа“, рече Вучиќ за време на посетата на областа Срем.
Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска соопшти дека издал налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин, под обвинение за воени злосторства поради неговата можна вмешаност во киднапирањето деца од Украина.