Eдно лице загина, а две се повредени во хотел во Приштина, пренесува „Газета експрес“.
Според портпаролката на косовската полиција за регионот на Приштина, Фљора Ахмети, денеска околу 13 часот и 20 минути полицијата добила информација за пукање во хотел во населбата Арберија во Приштина.
На местото веднаш пристигнале полициски единици и медицинска екипа.
Според првичните информации едно лице се здобило со прострелни рани и починало на лице место, а лекарската екипа ја констатирала смртта. Две лица се повредени и испратени во болница.
Полициски истражители во координација со државниот обвинител работат на расветлување на сите околности поврзани со настанот.