Татко и син биле нападнати од две лица, откако претходно имале сообраќајна незгода.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил во Хиподром. Првично се судриле со возилата, а потоа имало тепачка.
„ На 17.03.2023 во 14.30 часот В.А.(30) од Скопје пријавил дека околу 10.30 часот на подрачјето на Хиподром, по претходно случена сообраќајна незгода, тој и неговиот татко Б.А.(54) биле физички нападнати од А.Д.(31) и А.Д.(26), двајцата од Скопје“ се наведува во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.