Две лица се уапсени за денешното убиство на едно лице во хотел во населбата Арберија во Приштина, јавуваат Репортери.
Обвинителот донесе решение за притвор на А.М. и М.М., кои под полициски безбедносни мерки се примени во болница, а кои се осомничени и за кривично дело „тешко убиство““, изјави портпаролката на Основното обвинителство на Приштина, Љаурета Уљај.
Косовската полиција соопшти дека едно лице починало од прострелни рани, а две се повредени од остро оружје во хотелот во приштинската населба „Арберија“. Како што информираат од полицијата, двајцата повредени се упатени на лекарска помош.