Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Џосеф Борел, рече дека очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се насочени кон Охрид.
„По интензивната шатл-дипломатија меѓу Белград и Приштина, со претседателот на Србија и Аљбин Курти ќе разговараме за имплементацијата на анексот – составен дел од Договорот на патот кон нормализација на односите“, напиша Борел на Твитер.
Во Охрид денеска се одржува средба на високо ниво во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина.