Градонaчалникот Орце Ѓорѓиевски беше во официјална пoсета на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје.
Заедно со вицеректорот вон. проф. д-р Мевлудин Ибиш, потпишаа Меморандум за соработка со рамки на образовните и практичните процеси, во склоп со идејата за доживотно учење.
На средбата беа договорени конкретни проектни активности за потребите на општина Кисела Вода.
Се разговараше за можни проекти за студентска пракса и архитектонски проекти меѓу двете институции, а посебно внимание се обрна на актуелните случувања во врска со распишаниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник.
Градоначалникот Ѓорѓиевски го промовираше проектот и од двете страни се изрази интерес за вклучување на стручниот персонал и студентите во конкурсот.
Дополнително, на оваа средба која е само прва од планираните кои следат, беше постигнат договор Општината да додели стипендии за студирање на ИБУ за најдобрите ученици од училиштата кои се на нејзина територија.