Јавно објавено сведоштво на граѓанка за вработен службеник во Управата за јавни приходи стана вирална содржина на социјалните медиуми.
Ако досега бевме навикнати на социјалните мрежи и во јавноста да се споделуваат критики за работата на јавната администрација, скопјанката Гордица Величковска сподели пријатно искуство во канцелариите на УЈП.
„Застанав на шалтер број 9 и го раскажав воведот а службеникот од другата страна:
- Повелете госпоѓо, затоа сме ние тука…
- Молам?
Дали знаете дека Вие сте ендемска појава и ми треба време да се соземам, му велам јас, а сите праснаа да се смеат од редот на соседниот шалтер“ стои меѓу другото во нејзината објава, додека во коментари други граѓани го поздравуваат тој потег.
Во прилог статусот на Величковска: