Двајца мажи се осомничени дека упаднале во куќа на 68-годишна жена во Србија и извршиле страшни злосторства. Прво ја мачеле, потоа ја силувале и на крајот ја ограбиле. Нова.рс пишува дека и двајцата синови на силуваната повозрасна жена починале, едниот пред две години, а другиот пред пет години. Жената имала тешки моменти во животот, а насилниците тоа го знаеле, велат соседите.
Инцидентот се случил во околината на Зрењанин. Љуба Н.(32) и неговиот малолетен пријател (17) се осомничени дека пред два дена упаднале во семејната куќа на С.К.(68) и ја мачеле, силувале и ограбиле жртвата.
“И двајцата синови ѝ умреа, едниот пред неполни две години, а другиот пред пет години. Таа страдаше, ова е страшно што и се случи. Се се случи пред два дена. Тие дошле во нејзината куќа со автомобил, по што двајца влегле внатре, а другите двајца останале во возилото. Тие упаднале во нејзината куќа, а потоа ја мачеле и малтретирале, а на крајот кога се онесвестила од тортурата, ја силувале и ограбиле“, изјавил изворот за Нова. .rs.
„Кога жената се освестила едвај отишла кај првите соседи и замолила за помош. Тие пријавиле се во полиција, која набрзо уапсила двајца мажи од истото место, а се трага по уште двајца“, додал изворот.