Приватната руска паравоена група „Вагнер“ планира да регрутира околу 30.000 нови борци до средината на мај, изјави денеска нејзиниот основач Евгениј Пригожин.
Тој во порака на Телеграм соопшти дека центрите за регрутирање на Вагнер во просек примаат од 500 до 800 луѓе дневно, пренесе Ројтерс.
Пригожин минатата недела изјави дека центрите за регрутирање на Вагнер биле отворени во 42 руски градови,пренесе Телеграф.рс.