Северна Кореја тврди дека околу 800.000 нејзини граѓани доброволно се приклучиле на армијата за да се борат против САД, објавиja државните медиуми. Само во петокот, околу 800.000 студенти и работници изразија желба да се пријават во армијата за да се одбранат од САД, пишува весникот „Родонг Синмун“.
Соопштението дојде откако Северна Кореја во четвртокот лансираше интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17 како одговор на американско-јужнокорејските воени вежби.
Севернокорејските балистички ракети се забранети со резолуции на Советот за безбедност на ОН, а последното лансирање беше осудено од владите во Сеул, Вашингтон и Токио.
Јужнокорејските и американските војници во понеделникот ја започнаа 11-дневната вежба „Штитот на слободата 23“ на размери што не се забележани од 2017 година.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги обвини САД и Јужна Кореја дека ги зголемуваат тензиите со воени вежби.