Пратки со мала вредност испратени од странство од страна на ФИЗИЧКИ ЛИЦА со вкупна вредност до 45 евра по пратка СЕ ОСЛОБОДЕНИ од плаќање на царина и ДДВ (под услов да не се од комерцијална природа).
Пратки со мала вредност испратени од ПРАВНИ ЛИЦА со вкупна вредност до 22 евра, СЕ ОСЛОБОДЕНИ од плаќање царина и ДДВ. Пратката испратена од ПРАВНО ЛИЦЕ со вкупна вредност помеѓу 22 и 90 евра е ослободена од царина, но за истата се плаќа ДДВ.
Овие ослободувања не важат доколку пратката содржи алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и преработки од тутун.
За пратките од странство испратени од ФИЗИЧКИ ЛИЦА со вкупна вредност која надминува 45 евра, како и пратки од ПРАВНИ ЛИЦА со вкупна вредност над 90 евра – СЕ ПЛАЌА ЦАРИНА и ДДВ.
Повеќе детали за царинење на поштенски пратки на веб страницата на Царинска управа, на следниов линк: https://www.customs.gov.mk/mali-pratki.nspx