Бројот на загинати во разорните земјотреси што минатиот месец ја погодија јужна Турција се искачи на 49.589, изјави денеска турскиот потпретседател Фуат Октај.
На прес-конференцијата Октај рече дека меѓу загинатите има 6.807 странски државјани.
Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) испрати 1,6 милијарди долари до провинциите погодени од земјотресите, додека 1,1 милијарди долари беа испратени од јавните институции и организации.
Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала на 6 февруари погодија 11 турски провинции – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмарас, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.
Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Турција беа погодени од разорните земјотреси, јави Анадолија.