Жителите на ЗАГРЕБ денеска од раните утрински часови чекаат ред пред Арена центарот по повод отворањето на првата продавница на „Епл премиум партнер“ (Apple Premium Partner) во Хрватска и регионот.
iStyle претходно најави дека од 10 часот на сите корисници ќе им бидат понудени специјални попусти и подароци, па затоа многу граѓани побрзаа во продавницата да ги зграпчат поволните производи на „Епл“.
Толпата пред влезот беше голема, а загрепчани трпеливо чекаа во ред неколку часа.
„Нашата цел е да ги направиме производите и услугите на „Епл“ подостапни за корисниците во Хрватска и регионот на Јадранот. Веруваме дека отворањето на првата продавница на „Епл премиум партнер“ е само почеток и со нетрпение очекуваме да го донесеме ова ново мало искуство на поголемо број на клиенти во иднина“, изјави Антонела Јулариќ, шеф на малопродажба во iStyle.