Во Париз започна протест против испораката на оружје во Украина и за повлекување на Франција од НАТО на предлог на Партијата на патриотите, јавува дописникот на РИА Новости.
Акцијата наречена „Марш за мир“ започна на метро станицата Порт-Ројал во близина на луксембуршката палата, каде се наоѓа францускиот Сенат. Како што додава дописникот на руската агенција, во акцијата учествуваат неколку илјади луѓе.
Тие извикуваат пароли: „Наскоро ќе го напуштиме НАТО“, „Макрон, не ја сакаме твојата војна“, „Макрон во пензија“, „Урсула, нема, не те сакаме“.
На плакатите на учесниците може да се прочита: „Стоп за војната предизвикана од САД и НАТО“, „Слобода, вистина, отпор“, „Гласање недоверба – мир во Франција“.
Како што изјави претходно за РИА Новости, Флоријан Филип, лидерот на партијата Патриоти, „се повеќе Французи почнаа да ја разбираат природата на конфликтот во Украина“, а политиката на земјите од ЕУ е „насочена кон служење на интересите на САД.