Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вети награда од 5 милиони рубљи (околу 65.000 долари) за ликвидација на украинскиот војник кој го сквернави Куранот и 10 милиони ако биде фатен жив.
– Кога и да се случи тоа, денес, утре, една година од сега – напиша Кадиров на каналот Телеграм.
Тој додаде дека не е важно кој ќе го направи тоа: „вод, група, поединец“.
Претходно, чеченскиот лидер објави видео на својот Телеграм канал на украински војници кои се потсмеваат на Куранот и го палат, и вети дека ќе ги најде и казни,пренесе Новости.рс.