На косовскиот премиер Албин Курти, му посакувам успешен ден и продуктивни и успешни разговори и воедно му честитам за изразената заложба да се преземат конкретни чекори важни за европската иднина на целиот регион.
Добрососедски односи, договор наместо конфликт и развој наместо уназадување се постулати кои треба да нѐ водат нас, политичарите на 21 век, кои сакаме да ги предводиме нашите земји, а со тоа и Западниот Балкан кон подобра, европска иднина напиша Ковачевски.