„ВМРО-ДПМНЕ започнува со акцијата „Заедно со народот“, од утре стотици тимови на партијата низ целата земја, ќе ја отпочнат една од најголемите кампањи и теренски посети некогаш направени во Македонија“ ова на деветти март го изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.
Од таа најава на Сајкоски измина цела недела но во јавноста нема ништо дека стотици тимови на партијата се на терен.
На официјалната веб страница на партијата, како и на страниците на социјалните мрежи нема објави дека тимови на функционери на ВМРО-ДПМНЕ се на терен во посети на населени места како што беше најавувано, што значи дека најверојатно акцијата се уште не започнала, затоа што ако таа навистина се одвива социјалните мрежи ќе беа преплавени од содржини како што тоа било случај многу пати досега.
Наместо посети на тимови, секојдневни се посетите на Христијан Мицкоски на општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ како и прес-конференции на партиски функционери.
Покрај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ најавува засилена теренска активност, но сепак о периодот најраздвижено е во ДУИ каде двата табори освен секојдневни теренски активности, започнаа и со пласирање на загадочни слогани во јавноста.
Очигледно пред нас е прилично активен период на политичката сцена во државата.