Маж од Калифорнија е уапсен поради наводно поседување повеќе од 900 фотографии од детска порнографија, откако неговата сопруга пронашла скриена камера во нивниот дом и го пријавила во полиција.
Рајан Ровито (34) се соочил со својата сопруга на 8 март откако таа открила камера во гостинската бања во нивниот дом, соопшти полициската управа Рединг, пренесува „Фоксњуз“.
Тој признал дека знаел за камерата и рекол дека ќе ја фрли, но неговата сопруга претходно ги земала камерата и хард дискот. Таа повикала полиција поради загриженост дека тој ги снима нивните мали деца како ја користат бањата.
Полицијата добила налог за претрес на уредот. Детективите спровеле прелиминарна анализа и пронашле повеќе од 900 фотографии од детска порнографија и повеќе видеа од камерата во бањата.
На видеата се гледаат деца и возрасни како ја користат бањата, очигледно несвесни дека се снимени, соопшти полицијата.
Ден по пријавата е распишана потерница и полицијата го уапсила Ровит откако го запрела во сообраќајот.
Тој е обвинет за поседување детска порнографија и тајно снимање на соблечено лице.