Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми го одигра последниот натпревар дресот на повеќекратниот хрватски првак Динамо Загреб и со победа од 1:0 против Риека со 26. коло се збогува од соиграчите и навивачите. Пред натпреварот, долгогодишниот капитен доби спектакуларна разделба подготвена од навивачите и пригонди симболични подароци од челниците на клубот.
На теренот соиграчот од македонската репрезентација Стефан Ристовски со погодок против својот поранешен тим го испрати Адеми во Кина. Поубава разделба неможеше да биде режирана. Ристовски победничкиот гол го постигна во второто полувреме и во прослават бекот покажа кон Адеми на кого му го посвети погодокот. Иако Ристовски не сакаше да го прослави голот од почит кон поранешниот клуб, сепак мораше да му укаже почит и на капитенот кој заминува.