Во 13 часот и 17 минути на отворено море, среде Кварнерскиот залив, беше детонирана подморската мина, останата од Втората светска војна, која утрово во 9 часот беше извлечена од пристаништето во Риека.
Иако се случила на значително растојание од Риека, експлозијата одекнала силно низ градот.
Полициската управа Приморје-Горски Котар утрово објави видео снимка од противбродската мина од пристаништето во Риека, а поради нејзино отстранување, градот денеска беше речиси парализиран.