Руската новинска агенција РИА Новости објави видео за кое тврди дека го прикажува рускиот претседател Владимир Путин како вози автомобил околу окупираниот украински град Мариупол.
Руските медиуми утринава објавија дека Путин остварил непланирана посета на Мариупол. Ако е вистина, тоа би било прво патување на лидерот на Кремљ на териториите окупирани од Русија во украинскиот регион Доњецк од почетокот на војната.
Посетата дојде откако Путин вчера ненајавено патуваше на Крим за да ја одбележи деветгодишнината од руската анексија на полуостровот, и само два дена откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот лидер.
Мариупол, кој падна во руски раце во мај по една од најдолгите и најкрвавите битки во војната, беше првата голема победа на Русија откако не успеа да го освои Киев, а потоа го сврте вниманието кон југоисточна Украина.
Путин долетал во Мариупол со хеликоптер, јавуваат руските агенции, повикувајќи се на Кремљ. Ова го донесе Путин најблиску до првите линии на конфликтот од почетокот на војната. Возејќи со автомобил, Путин обиколи неколку градски области, застанувајќи и разговарајќи со жителите, јавуваат руските медиуми.
Мариупол беше претворен во школка што тлее по неколкунеделни борби. Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) објави дека руското бомбардирање на породилиштето во Мариупол е воено злосторство.