Иако во Брисел усмено прифати план за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, а во Охрид 12 часа преговараша за анексот кој ја регулира динамиката за спроведување на договорот, претседателот на северниот сосед Александар Вучиќ, утрово од Белград испрати остри заборови со кои стави до знаење дека нема намера да прави меѓународно прави договори со непризната држава. Договорот и анекосот немал намера да ги потпише, бидејќи Косово не е меѓународно призната држава, а Србија е.
-Имам неподнослива болка во десната рака, а можам да потпишувам само со десна. Оваа болка ќе продолжи и во наредните четири години – порача Вучиќ по враќањето во Белград и потенцира дека нема намера под никакви услови да стави потпис на овие договори.