Фудбалерите на Шкендија триумфираа попладнево на гостински терен над Скопје со 2:0 во завршниот натпревар од 24 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Со трите бодови Шкендија се доближи на бод до второпласираниот Шкупи, а пет помалку од лдиерот Струга, додека Скопје остана на претпоследното место со бод повеќе од Победа,
ПМФЛ-24 коло:
Скопје – Шкендија 0:2
Натпревари одиграни вчера:
Академија Пандев – Шкупи 1:1
Победа – Силекс 1:5
Работнички – Струга ТЛ 0:1
Тиквеш – Македонија ЃП 0:1
Слободна во ова коло беше Брегалница.
Табела: Струга ТЛ 46, Шкупи 42, Шкендија 41, Силекс 38, Брегалница 32, Тиквеш 29, Македонија ЃП 29, Работнички 24, А. Пандев 20, Скопје 14, Победа 13.