Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледува делот кој се однесува на пратеници од Извештајот на ГРЕКО.
Како што се посочува, на дневен ред на седницата е Разгледување на Извештајот на ГРЕКО за земјава за Четвртиот круг на евалуација – Адендум на Вториот извештај за усогласеност, во делот кој се однесува на пратениците.