Италијанскиот фудбалски стратег Антонио Конте ќе добие отказ до крајот на неделава на функцијата тренер кај англискиот премиерлигаш Тотенхем, пренесува британски „Телеграф“. По натпреварот со Саутемптон на прес-конференцијата Конте ги критикуваше своите играчи и го окарактеризира Тотенхем како „клуб губитник“, што ги разлититло челниците на клубот кои да му врачат отказ.
Сѐ треба да се заврши до крајот на неделата кога според сознанијата на британски „Телеграф“ тимот треба да го преземе Рајан Мејсон и тој ќе го води тимот до крајот на сезоната во која ќе се обиде да се избори за пласман во Лигата на шампионите.
Антонио Конте планираше да го напушти Тотенхем на лето, но очигледно е дека не е задоволен од ситуацијата во клубот и односот на играчите кои не успеваат да воспостават континуитет и да ги исполнат неговите замисли.
На средбата со првиот човек на клубот Даниел Леви напоменал дека нема ништо против раководството, туку дека критиките биле насочени исклучиво кон тимот.