По долги осуманесет години, или најточно по 6.538 дена, Рафаел Надал падна надвор од ТОП 10 тенисерите на АТП ранкингот.
Ветеранот од Шпанија котира на тринаесеттото место на рангирањето, а главна причина за тоа се проблемите со повреди кои го мачеа годинава. Во оваа година Надал влезе како второпласиран, меѓутоа уште на Австралија Опен имаше мака и не успеа да го одбрани трофејот, па почна да губи бодови.
Надал влезе во ТОП 10 на 25 април 2005 година, во тој момент Федерер имаше само четири Грен слем титули, Ѓоковиќ беше 153-ти на рангирањето, а сега водечкиот Карлос Алкараз само две години. Шпанецот е рекордер кај мажите по долговечноста меѓу најдобрите десет со 910 седмици во низа. Во 2020 година го надмина Џими Конорс, додека целокупниот рекорд е на Мартина Навратилова со точно 1.000 седмици на ВТА рангирањето.
Сега Надал работи на својот кам-бек, тренира и се подготвува за сезоната на земјена подлога, а првиот турнир треба да му биде во Монте Карло во април.