Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Авганистан.
Земјотресот се случил во регионот Хиндукуш на длабочина од 186 километри, а освен во Авганистан бил почувствуван и во неколку околни земји.
Граѓаните на Пакистан, Киргистан, Туркменистан, Узбекистан и Индија известуваат дека го почувствувале земјотресот.
Засега нема детални информации за жртви или штети.
Massive earthquake in Lahore#earthquake pic.twitter.com/nBxIJPKlny
— Pakistan Tourism 🇵🇰 (@PakistanJannatt) March 21, 2023
Корисниците на EMSC ширум регионот известуваат дека земјотресот бил силно почувствуван. На снимката се гледа како граѓаните на индиската престолнина Њу Делхи, која е оддалечена стотици километри од епицентарот на земјотресот, излегуваат на улиците по земјотресот.