Ива Пројковска вечерва ќе го суди мечот меѓу Баерн и Арсенал

Ново големо признание за македонската фудбалска судијка Ивана Пројковска, во вторник ќе го суди првиот натпревар од четвртфиналето во женската Лига на шампионите меѓу Баерн Минхен и Арсенал.

Мечот ќе се игра во Минхен, Германија, на „Алијанц Арена“ со почеток од 18.45 часот.

На Пројковска ќе ѝ  помагаат Вјолца Изеири од Македонија и Паулина Барановска од Полска.

Во останатите четвртфинални средби се среќаваат: Рома – Барселона, Олимпик Лион – Челси и ПСЖ – Волфсбург.

На 23 март (20.45 часот) на Националната Арена „Тодор Проески“ – Скопје македонската А репрезентација ќе го игра првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Прв ривал на избраниците на селекторот Благоја Милевски е селекцијата на Малта, а овој дуел ќе го суди Кристо Товер од Естонија. Ќе му помагаат неговите сонародници Силвер Коив и Стен Клаасен.

Во нашата квалификациска група дербито во Неапол меѓу Италија и Англија ќе го суди Срѓан Јовановиќ од Србија, а асистенти се Урош Стојковиќ и Милан Михајловиќ.

Треба да знаете
Последни објави