Тинејџерки мачеле девојче со часови во Германија: Ја удирале и и гаселе цигари по лицето

Неколку девојчиња на возраст од 13 до 16 години претепале и понижиле 13-годишно девојче во Хајде во областа Дитмаршен во Германија. Злосторствата биле снимени на телефон, изјави портпаролката на полицијата.

Меѓу другото, девојката била удирана по носот, а врз главата и била истурена пепел од цигара. Како што е наведено, на видеото се гледа дека додека девојката се обидува да стане, една од напаѓачките вика: „Седни и моли ме. Нема да те пуштам така лесно“.

Според зборовите на мајката, на образот и биле изгаснати цигари, а косата и била запалена. Како што е наведено во кривичната пријава, голготата на девојчето ја прекинал случаен минувач.

„Многу сме му благодарни“, изјавила мајката. Нејзината ќерка се уште е на дневната клиника. Инцидентот во полиција бил пријавен на 21 февруари, а истрагата е во тек.

Портпаролката на полицијата не го коментирала прашањето дали девојките претходно правеле проблеми.

Треба да знаете
Последни објави