Курти ја повика меѓународната заедница да ја осуди Србија поради одбивањето да го потпише европскиот договор со Косово

Косовскиот премиер Албин Курти оцени дека меѓународната заедница треба да ја осуди Србија поради одбивањето да го потпише европскиот предлог за нормализација на односите со Косово, како и Анексот за негово спроведување.

Пред новинарите во Приштина, денеска Курти потенцираше дека Косово ги смета овие два документи за договори, иако српскиот претседател Александар Вучиќ одбил да ги потпише.

Курти и Вучиќ на средбата во Охрид на 18 март го прифатија Анексот за имплементација на европскиот предлог кој беше догворен на крајот од февруари во Брисел, а високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика, Жозеп Борел, рече дека тој стана правно обврзувачки за двете страни во моментот кога Европската унија излезе со соопштението.

Во меѓувреме, српскиот претседател Вучиќ изјави дека во Охрид не потпишал никаков документ „бидејќи Србија е меѓународно призната држава, а Косово не“, и дека меѓународно правен договор не може да се направи.

Треба да знаете
Последни објави