Лукашенко: Конфискувавме оружје и експлозиви од терористи, направивме одлична работа

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека за време на операција во градот Гродно специјалните служби заплениле оружје и експлозиви, кои требало да се употребат за терористички напади врз официјални лица и други луѓе.

„Специјалните служби направија брилијантна работа. Запленет е целиот арсенал оружје и експлозиви, кои беа наменети за терористички напади од висок профил врз граѓани и функционери на владини агенции“, рече Лукашенко на денешната средба со безбедносниот врв, според руската државната новинска агенција „Тас“.

„Мораме да бидеме подготвени на сè“.

„Значи, нашите момци завршија добра работа: во таква тешка ситуација, кога терористите употребија гранати и оружје, ниту еден оперативец на групата ‘Алфа’ не беше убиен. Добра операција, добра работа“, додаде тој. Тој нагласи дека овој настан е „уште една порака“. Мора да бидеме подготвени за сите настани“, изјави белорускиот лидер.

Претходно, беше објавено дека агенти на белорускиот комитет за државна безбедност уапсиле вооружен странец, кој се инфилтрирал во земјата и планирал терористички напад. Странецот им се спротивставил на агентите пукајќи од автоматско оружје и фрлајќи гранати. Комитетот за национална безбедност сè уште го истражува инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави