Откриен тунел во „Идризово“, затвореници со високи казни подготвувале бегство

Затвореници во „Идризово“ копале тунел за бегство. Ова за „Макфакс“ го потврдува Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување санкции. Тој посочува дека се упатил кон затворот, а акцијата за откривање е спроведена од нивна страна во координација со повеќе институции. Детали не може да сподели и истите ги најави за подоцна.

Според информации на „Макфакс“, почетокот на тунелот е од шеталиштето на затворениот дел на затворот, а водел до надвор од затворот. Во овој дел на „Идризово“ казни издржуваат затовреници со високи казни, а меѓу нив има и такви осудени на доживотен затвор.

Извори за „Макфакс“ посочуваат дека сето ова било добро организирано и се работело по претходно разработен план. Неофицијално, сето ова било правено со месеци, од страна на повеќе затвореници, распоредени во смени, зависно од тоа кој кога ќе добиел термин за излез во шеталиштето.

На терен е излезена и увидна екипа на МВР, односно крим полиција. Се очекуваат повеќе детали за подоцна.

Треба да знаете
Последни објави