Промовирани новите дресови на македонската репрезентација (Фото)

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги претстави новите дресови, со кои нашиот национален тим ќе го почне новиот квалификациски циклус, за Европското првенство во 2024 година.

Репрезенативците ќе имаат на располагање три варијанти, во кои повторно преовладува мотивот, кој го красеше и досегашниот дрес – македонското сонце. Разликата е во тоа што, сега е позициоирано централно, на градите на фудбалерите, со осумте краци на целиот преден дел.

Главната промена не само во однос на последните репрезентативни дресови, туку споредено со сите варијанти од независноста на Македонија е тоа што е исфрлена жолтата опција. Наместо неа воведени се црни дресови, покрај стандардната црвена и бела варијанта.

„Исклучително сум горд што имам привилегија да го носам прекрасниот македонски дрес. Со нетрпение очекувам да го облечеме новиот дрес кој ја следи препознатливата традиција. Нашиот дрес со сонце е еден од најпрепознатливите и сигурен сум дека ќе биде многу популарен меѓу нашите навивачи“, изјави капитенот Стефан Ристовски.

 Тој и соиграчите новите дресови ќе ги сефтосаат в четврток, против Малта, на арената „Тодор Проески“ од 20 часот.

Треба да знаете
Последни објави