Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, во Требиње изјави дека претседателот на Република Српска, Милорад Додик, нема да биде на ниту една листа на санкции додека во Унгарија е актуелната влада.
– Оние кои сакаат да се воведат санкции во регионот на Западен Балкан се обидуваат да сокријат колку им е непознат овој регион. Тие луѓе се неспособни да ја почитуваат волјата на луѓето што живеат на Балканот, изјави Сијарто по средбата со Додик.
Според Сијарто, политичките лидери на Балканот „не добиле награда на лото па да бидат претседатели, туку беа избрани на избори“ и подвлече дека оние кои сакаат да воведат санкции против Додик не сакаат да ја почитуваат волјата на граѓаните на РС.
Петер Сијарто изјави дека западноевропските земји не се искрени кога зборуваат за проширување на ЕУ.
Сијарто во интервју за РТРС изјави дека овие земји секогаш јавно кажуваат дека сакаат земјите од Западен Балкан да бидат дел од ЕУ, но дека има земји членки кои го забавуваат напредокот на одредени земји на нивниот пат кон ЕУ.
– Кога сме зад затворени врати, 27 земји членки, тогаш тие многу зборуваат против проширувањето. Тие се загрижени, многу работи се таму вештачки и не се подготвени да одат кон проширување. Затоа мислам дека е многу важно да се разбере дека има земји кои многу го забавуваат процесот на проширување. Тоа никогаш нема отворено да го кажат, но ако ги погледнете нивните постапки, постојано се загрижени, не се согласуваат со провизиите. Така тие го забавуваат процесот. Ги повикуваме да не го прават тоа, изјави шефот на унгарската дипломатија.
Зборувајќи за санкциите на ЕУ против Русија поради конфликтот во Украина, Сијарто рече дека санкциите нанесоа поголема штета на европската економија отколку на руската економија.