И покрај казната инвеститорот Бинјапи инжинериг продолжува да гради во Центар. Зградата се гради спротивно на добиеното одобрение, а веќе 4 месеци сликата на терен е иста – градежната јама е незаштитена, соседните парцели се оштетени.
Градоначалникот Герасимовски два пати досега и лично го затвораше градилиштето, а фирмите од вчера се казнети со 12.500 евра. Со оглед дека двете забрани за градење досега не дадоа резултати, бидејќи инвеститорот сам ги отстрани лентите и продолжи со градење, Герасимовски вели дека општината разгледува и поригорозни мерки, меѓу кои и одземање на дозволите за градба.