Пропагандистот на Путин Владимир Соловјов повика да се нападне секоја земја со нуклеарно оружје што ќе се обиде да го уапси рускиот претседател Владимир Путин поради наредба издадена од Меѓународниот кривичен суд (МКС).
Соловјов во неговата емисија директно не го спомнал налогот на МКС за апсење на Путин, но ја споменал руската комесарка за правата на децата Марија Лвов-Белова, по која исто така била издадена потерница на МКС.
Соловјов го започнал својот говор осврнувајќи се на неодамнешната изјава на германскиот министер за правда Марк Бушман за наредбата на МКС.
„Германија ќе биде обврзана да го уапси претседателот Путин веднаш штом тој ќе влезе на германска територија и ќе го предаде на МКС“, изјави Бушман.
„Генерално, секоја структура или која било држава што ќе се осуди – како германското ѓубре од министер што рече дека ќе се обидат да ја докажат (одлуката)… Само да знаете, секој обид да се спроведе тоа е изглед на војна!“, рече Соловјов.
„Тоа бара итен нуклеарен напад врз таа земја! Итно! Односно, секој обид да се стори тоа, да се оди против волјата на рускиот народ, што е многу јасно изразена, мора да резултира со ракетен напад“, продолжи тој. Потоа повторно му се закани на германскиот министер Бушман.
„И тој идиот, министерот за правда, треба да се запознае со ракетите „Сармат“, рече тој, мислејќи на руските интерконтинентални балистички ракети кои можат да носат повеќе од десетина нуклеарни боеви глави. Секој од луѓето кои сметаат дека е легитимно да го прави тоа што го направил треба да одговара!“, заклучи Соловјов.