Министерот за правда Кренар Лога оствари работна средба со претставници на Програмската канцеларијата на Советот на Европа во Скопје. Разговараа за соработката која канцеларијата ја има со Министерството за правда во повеќе области кои се дел од програмата,, Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција”.
Се разгледаа можностите за обезбедување натамошна поддршка во повеќе области кои се од надлежност на Министерството за правда меѓу кои и преземање на повеќе теренски активности за промоција на остварување на правото на бесплатна правна помош .
Министерот за правда Кренар Лога информираше дека интензивно се преземаат активности за подобрување на условите во затворите,наоѓање на решение за стекнување со образование на лицата кои се на издржување затворска казна, како и целосно регулирање на здравствената заштита во казнено поправните установи.