Чад, држава во срцето на Африка, е најновата цел на борбата меѓу Русија и Западот, пишува „Њујорк тајмс“ коментирајќи дека САД во моментот прибегнуваат кон исти методи на борба против Русија, како и пред инвазијата на Украина минатата година.
Американската влада неодамна го предупредила претседателот на Чад, Махамат Идрис Деби, дека платеници од руската компанија „Вагнер“ се обидуваат да го убијат, а потоа оваа информација излегла во јавноста.
Според американските информации, руските платеници, присутни во голем број африкански земји, планирале да ги убијат Деби и неколку негови блиски соработници и со поддршка на бунтовничките борци во соседната Централноафриканска Република да го прошират своето влијание врз новата африканска земја.
Анализирајќи го најновиот развој на геополитичката игра на богатиот со руда, но политички и безбедносно хаотичен континент, американскиот дневен весник оценува дека „понасилниот американски пристап“ во Африка има цел да ги компензира повлекувањето на Париз и француското губење на моќта во поранешните колонии.
Повлекувањето на француската војска од земји како Мали и САР, каде што Французите се бореа против милитантните фракции, го користат Русите, чии платеници се во земјите од Сахел најмалку пет години.
Овој пат САД одлучуваат да го блокираат натамошното ширење на руското влијание во тој дел од Африка. Чад се чини е точка зад која Вашингтон нема да помине.
Неименуван американски функционер, кој побарал да остане анонимен поради проблем со националната безбедност, рече дека заговорот за атентат на претседателот на Чад претставува ново поглавје во операциите на групата „Вагнер“ во Африка бидејќи покажува дека лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, сега е подготвен да ги ликвидира оние што му стојат на патот.
„Затоа Соединетите Американски Држави се свртеа кон построги мерки насочени кон забавување, ограничување, запирање и враќање на влијанието на ‘Вагнер’ во Африка“.
Дека Африка е во фокусот на дипломатската офанзива на спротивставените сили, покажуваат и посетите на водечки државни функционери. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен сега е во Нигер, кој вети 150 милиони долари помош за Сахел.
Пред него Африка оваа година ја посетија американскиот министер за финансии, Џенет Јелен, Линда Томас-Гринфилд, амбасадор на САД во ОН и првата дама – Џил Бајден, која ја посети Африка додека нејзиниот сопруг одржа високопофален говор во Полска, поврзан со руската агресија во Украина.
Според најавите, потпретседателката Камала Харис ќе ги посети Гана, Танзанија и Замбија, а оддишка нема ниту за Бајден.
Американскиот претседател го најави своето доаѓање во Африка на крајот на минатата година.
Последниот американски претседател што го направи тоа беше Барак Обама, кој ја посети Кенија во 2015 година, од каде што е татко му, пренесе “Нова.рс“.