Денеска, 22.03.2023 година (среда) во Клубот на пратеници, со почеток во 12:00 часот ќе се потпише Договор за грант од ЕУ со ЕИБ за пречистителна станица за отпадни води во Скопје.
На потпишувањето на договорот ќе се обратат заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, евроамбасадорот Дејвид Гир и заменик претседателката на ЕИБ Лилјана Павлова.
Го покануваме Вашиот медиум да го проследи потпишувањето на Договорот.
Заради организациски активности ве молиме претставниците на медиумите да пристигнат во 11:45 часот