Поранешниот претседател на Централната изборна комисија на Руската Федерација, Владимир Чуров, почина на 71-годишна возраст, како последица на срцев удар.
Според пратеникот Леонид Ивлев, минатата недела Чуров доживеал тежок срцев удар и бил итно опериран, но неговото срце не преживеало и утрово починал, пренесува ТАСС.
„Пред една недела имаше огромен срцев удар, имаше операција на срцето, па се освести, почна да станува, да шета по одделението, зборуваше за своите планови, сакаше да напише книга, но …“, рече Ивлев.
Инаку, Чуров важеше за силен сојузник на Владимир Путин. Од 1992 до 2003 година работел во Комитетот за надворешни односи на Кабинетот на градоначалникот на Санкт Петербург, од 1992 до 1996 година кај Путин, а во периодот од 1995 до 2003 година ја извршувал функцијата заменик шеф на Комитетот. Наводно работел и за КГБ.