Сијарто кон Стејт департментот: Како може да си дозволат такви извештаи

На средбата со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто разговараше за повеќе теми, а во еден момент го нападна и последниот извештај на американскиот Стејт департмент, кој зборува за човековите права.

Сијарто, како што пренесуваат медиумите, беше прилично груб кога беше во прашање извештајот на Стејт департментот.

„Многу сум изненаден од тој извештај секоја година дека Стејт департментот си ја зема слободата да ги квалификува другите земји и да дава изјави за внатрешните работи и односите на одделни земји. Како може да си го дозволат тоа. Човековите права во другите земји не се работа на Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, ниту на моето Министерство“, рече Сијарто.

Тој вели дека е зачудувачки што бирократите од Вашингтон, како што тврди, формираат мислење за другите земји врз основа на еднострани информации финансирани од САД.

„Па, како си го дозволуваат тоа? Кој ќе биде на власт во БиХ и дали луѓето во оваа земја се задоволни од тоа што го имаат, треба да им се остави на граѓаните на БиХ, како што е случајот со Унгарија. И за нас не е прифатливо волјата на унгарските граѓани, која ја изразија на изборите, да ја оспорува некој во Вашингтон. Сигурен сум дека на мојот колега министер не му е важно што му помагам во овој случај, туку сакам да му кажам дека го поддржувам“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи.

Треба да знаете
Последни објави