Лукашенко: Ако Британците се луди, нека испратат осиромашен ураниум во Киев, лекцијата ќе биде страшна

Не треба да го поддржуваме трендот на ескалација на конфликтот во Украина, туку да бараме начини за решавање на проблемот по мирен пат, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, коментирајќи ги намерите на западните земји да ја снабдуваат Украина со муниција со осиромашен ураниум, пренесува „Белта“.

„Ако тие (Велика Британија) се луди, ќе му дадат поттик на овој процес. Тоа е најстрашната и најопасна работа“, рече Лукашенко.

Претседателот истакна дека штом британската муниција експлодира на позициите на руските трупи, „одговорот ќе биде ужасен, лекција за целата планета“.

„Мораме да се движиме (како што разговараа Путин и Шји Џјинпинг) кон мирно решение. Со ова се согласуваат и руското раководство и една од најголемите светски сили – Кина и многу други“, рече Александар Лукашенко.

Британскиот заменик-секретар за одбрана Анабел Голди претходно изјави дека покрај испраќањето ескадрила борбени тенкови „Челинџер 2“ во Украина, Лондон ќе испрати и муниција, вклучително и оклопни гранати, кои содржат осиромашен ураниум.

По тоа, рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва ќе биде принудена да реагира доколку колективниот Запад почне да користи оружје со нуклеарна компонента.

Американските трупи користеа муниција со осиромашен ураниум за време на операцијата „Пустинска бура“, бомбардирањето на Југославија и инвазијата на Ирак во 2003 година, пренесе „Новости.рс“.

Треба да знаете
Последни објави