„Точно е дека напредокот на една Влада се гледа во моментов кога се качува нагоре по скалилата, е сега ние во овој Извештај можеме да видиме дека состојбата е обратна, односно дека оваа Влада оди скалила надоле. И нема да се согласам дека за разлика од претходните Извештаи, овој Извештај има напредок од причина што ако во 2021 година и 2020-та година државни службеници беа карактеристика за висока корупција сега имаме точна терминологија во која што се вели дека имаме висока владина корупција. И тоа е терминологија која што е навистина конкретна и осудувачка би кажала за оваа власт, ако земеме во споредба со тоа што имаме еволуција на ставот на Стејт департментот од да речеме умерен и критички на осудувачки кон оваа Влада”, истакна Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „24 анализа” на Телевизија 24.
Митева додаде дека добро е да се разгледа Извештајот на Стејт департментот бидејќи според него може да се воочи дека оваа Влада има големи чекори наназад во 2022 година.
„Терминологијата и дефиницијата на висок степен на корупција заменет со висока владина корупција кажува многу јасно дека корупцијата е дел од власта високо позиционирана. Така што треба да не загрижи ваков Извештај”, нагласи Митева.
Таа посочи дека доколку власта има уназадување во Извештаите тоа значи дека Владата не направила апсолутно ништо, ниту во борба со корупцијата, ниту за независно судство, ниту за човекови права итн.
„Ќе прочитам една дефиниција – „Работнички права – вели Владата и работодавачите не секогаш ја почитувале слободата на здружување, правото на штрајк и правото на колективно договарање. Дискриминација во однос на вработувањето и професијата. Не секогаш ги спроведувала законите ефективно”. Мерките на напредок што ги споменавте се мерки кои што се констатирани дека Владата не секогаш ги спроведувала законите ефективно. Ова е нешто што е под директна одговорност на власта и ова е директно во рацете на власта. Власта е таа која што треба да ги применува законите”, нагласи портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа укажа дека има една дефиниција која што вели колку покорумпирана Влада, толку повеќе закони има.