Утрово е најстудено на Попова Шапка, нула степени, а максимални девет се измерени во Демир Капија. Најмногу дожд, пак, изминатите 24 часа, наврнал во Скопје – Петровец, 21 литар на метар квадратен, а најмалку во Гевгелија и Дојран, два милиметра на единица површина.
До 08:30 часот се измерени еден степен во Лазарополе, 2 во Маврови Анови, Крушево, 4 во Претор, 5 во Охрид, 6 во Крива Паланка, Битола, Прилеп и Берово, 7 во Тетово, Виница, Струмица, Гевгелија, Куманово и Дебар, како и 8 во Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид, Штип и Дојран.
Водниот талог изнесува 20 литри на метар квадратен во Ѓуриште, 19 во Крушево, 18 во Маврови Анови и Прилеп, 16 во Пожаране, 17 во Куманово, 13 во Скопје – Зајчев Рид и Тополчани, 12 во Крива Паланка, Охрид и Попова Шапка, 10 во Тетово и Штип, 9 во Лазарополе, 8 во Дебар, 7 во Виница, 6 во Претор и Битола, 5 во Берово, како и 4 во Струмица и Демир Капија.
На Попова Шапка има и снег со висина од три сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 16 степени.