Македонија против Малта ќе се докажува на теренот во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20.45 ч.) на Арената „Тодор Проески“ во Скопје ги започнува квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Македонија квалификациите ќе ги започне против најлесниот ривал во групата, Малта. Во Ц-групата, покрај Македонија и Малта се и европскиот првак Италија, Англија и Украина.

Дуелот со Малта е добра можност националниот тим да ја подигне самодовербата и да ја прекине лошата серија. Македонија е без победа на последните пет натпревари. Македонија е фаворит на хартија, тоа треба да го потврди и на теренот. Селекторот Благоја Милевски потенцире дека фаворити во денешниот фудбал не постојат.

-Анализите кои ги правевме се од последните четири натпревари на Малта, но тоа не мора ништо да значи дека така ќе биде на следниот дуел затоа што имаат нов селектор, но играчите се тие. Се работи за квалитетна репрезентација, со квалитетни индивидуални карактеристики на играчите. Имаме максимален респект кон противникот, но ќе нагласам дека сето она кое ќе се случува на натпреварот зависи во најголема мера од нас самите. Кога ги гледам момците како изгледаат, повеќе од уверен сум дека ќе тргнеме успешно во овие квалификации. Ама, во денешниот фудбал фаворити не постојат, ќе мора да се вложиме максимално за успех – изјави Милевски на последната средба со новинарите пред вечерашниот дуелм со Малта.

Квалитетот е на страната на Македонија, но Малта не смее да се потцени. Оваа селекција во последно време бележи солидни резултати.

Македонија и Малта одиграла шест меѓусебни натпревари, а само два од нив биле квалификациски, останатите четири средби се контролни натпревари. Пет пати Македонија победила, еден меч завршил нерешено. Гол-разлика е убедливо на македонска страна со 15:2. 

Треба да знаете
Последни објави