WIZZ AIR доби награда за авиокомпанија на годината

Wizz Air, најбрзо растечката и еколошки најодржлива авиокомпанија во Европа на глобално ниво, беше прогласена за авиокомпанија на годината на наградите за воздушен транспорт. Наградата ја прими József Váradi, главен извршен директор на групацијата Wizz Air, на гала настанот во Монтреал, кој се одржа покрај Симпозиумот за воздушен транспорт во 2023 година со учество на лидери во индустријата.

Наградите за воздушен транспорт се меѓународни награди за индустријата за воздушен транспорт. Наградите се признание за извонредност и за достигнувања во воздухопловниот сектор. Годишните награди се доделуваат на организации, компании и лидери во индустријата за воздушен транспорт.

József Váradi, главен извршен директор на Wizz Air, изјави: “Благодарен сум што ја примив наградата за авиокомпанија на годината во име на целиот тим на Wizz Air. Wizz Air е една од најбрзо растечките и најзелените авиокомпании во светот. На нашите клиенти им нудиме одлични услуги по најниски можни цени низ Wizz мрежата од 1.000 рути во 55 земји во Европа, Блискиот Исток, Азија и Африка. Оваа награда е признание за немилосрдните напори на нашите 8.000 вработени да го направат летањето достапно за секого.

Wizz Air, најбрзорастечката ниско-буџетна авиокомпанија вo Европа, управува со флота од 177 Airbus A320 и Airbus A321 авиони. Во Wizz Air, тим од авијациски професионалци нудат извонредна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 27.1  милиони патници во финансиската година која завршува на  31 Март 2022. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ. Компанијата неодамна беше именувана за една од десетте најбезбедни авиокомпании во светот од страна на airlineratings.com, единствена светска агенција за рејтинг на безбедност и производи, а неодамна беше именувана за „Европска авиокомпанија на годината – 2020“ од страна на ATW, најпосакуваната чест што може да ја добие една авиокомпанија или индивидуа, и најодржлива компанија во авионската индустрија во 2021 година од страна на World Finance Magazine.

Треба да знаете
Последни објави