Најмалку едно лице е повредено откако вчера торнадо го погоди градот Монтебело, кој се наоѓа југоисточно од Лос Анџелес. Националната метеоролошка служба го оцени торнадото со EF-1, со ветрови проценети на 110 милји на час, најсилното торнадо што ја погодило областа Лос Анџелес од 1983 година.
Wow!! A possible tornado touched down in #Montebello the power is out for a few blocks and there is a lot of damage #cawx Video from Daniel Wilsey pic.twitter.com/cytRunZnRW
— Alex Cheney (@abc7alex) March 22, 2023
Портпаролот на градот Мајкл Чи потврди дека торнадото оштетило најмалку 17 згради, а 11 згради се толку оштетени што пожарникарите ги сметале за премногу опасни за употреба.
„Имаше летечки отпад и се друго“, напиша на Твитер еден од мештаните што го сними торнадото.
Метеоролошката служба соопшти дека торнадото урнало покриви, столбови за струја, искршило прозорци и откорнало дрвја. Според Националната океанска и атмосферска администрација, Калифорнија е погодена во просек од помалку од 10 торнада годишно, од кои повеќето се мали и краткотрајни.
Вчерашното торнадо е само еден од низата тешки временски настани што ја погодија Калифорнија во последните месеци. Така, државата се соочи со најмалку 12 бранови од бури што донесоа разорни поплави и ветрови со урагански сили. Најмалку пет лица загинаа во невреме во областа на заливот Сан Франциско оваа недела, кога силните ветрови ги зафатија градовите во вторникот, рушејќи дрвја и далноводи.