Во завршна фаза е поставувањето на енергетски ефикасна фасада во должина од околу 1500 метри квадратни и реконструкција на целата кровна површина информира градоначалникот Горан Герасимовски кој беше на увид во градежните активности во градинката „13 Ноември“, објект Јасмин до полициската станица Беко.
„90% од градежните зафати на кровната површина на покривот на градинката објектот Јасмин се веќе готови. Станува збор за реконструкција на целата кровна површина. Истовремено работиме и на поставување на енергетски ефикасна фасада. Во моментов е поставена изолација и подлога и се работи на поставување на топлотна изолација на фасада за зголемување на енергетската ефикасност. По завршување на фасадата останува уште да се изработат завршните работи и опшивки на покривот. “, изјави Герасимовски
Претходно во градинката беа реконструирани сите тоалети. Целта на Општина Центар е да обезбеди квалитетен престој и функционални детски градинки. Со целосна реконструкција на фасадата и покривот на градинката Општина Центар решава уште еден голем проблем и истовремено обезбедува уште подобри услови за престој на децата.