Отказот што го доби Јулијан Нагелсман силно одекна во фудбалскиот свет, па потегот на Баерн Минхен ги изненади сите.
Нагелсман имаше договор со Баерн до 2026 година, но германските медиуми пренесуваат дека имал големи недоразбирања со раководството.
Се чини дека 35-годишниот Германец нема долго да чека на нов ангажман, бидејќи силен интерес за него покажува Тотенхем.
Тотенхем е во потрага по нов тренер, откако стана јасно дека Антонио Конте ќе си замине на крајот на сезоната.
Сега откако Нагелсман е слободен „спарси“ ќе се насочат кон негов ангажман и наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент.